Додаток во исхраната со 4 есенцијални витамини и 1 минерал со вкус на праска.
Оваа уникатна комбинација на витамини и минерал има централна улога во одбраната на клетките и нормална функција на имунолошкиот систем.
Селенот е моќен антиоксиданс кој во комбинација со витаминот Е и витаминот Ц придонесуваат за елиминација на “слободните радикали”, штетни влијанија од животната средина врз телото како што се: радијација, разни хемикалии, загадувањето и димот од цигарите.
Селенот исто така придонесува за нормална функција на тироидната жлезда.
Витаминот А придонесува за нормална функција и одржување на здравиот вид.
Фолната киселина придонесува во формирањето на црвените крвни зрнца и синтеза и поправка на ДНК и РНК.
Одредени групи, особено адолесценти, спортисти, бремени жени и доилки, постари лица и пушачи, може да имаат повисоки потреби на витамини.
Препорачана дневна доза: Една шумлива таблета дневно растворена во чаша вода (200мл).
Препорачаната дневна доза не треба да се надминува.
Состав: Провитамин А (6mg), Витамин Ц (100mg), Витамин Е (24mg), Фолна киселина (500µg), Селен (50µg).